Фондација Фокус и моторџиите од Велес организатори на настанот, по трет пат го спроведуваат хуманитарното дефиле „Дедо Мраз на мотор“. Настанот започнува на 30.12.2011 (петок) со почеток 11 часот пред Основниот суд во Велес каде ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња на деца кои потекнуваат од социјално немоќни семејства од основните училишта во градот. Новогодишни пакетчиња ќе им бидат подарени и на децата со посебни потреби во кои престојуваат во Дневниот центар.

Потоа моторциклистите возејќи го традиционалното хуманитарно дефиле ќе даруваат новогодишни пакетчиња за случајни минувачи на уште две локации во градот. За овој настан мотоциклистите обезбедија вкупно 400 новогодишни пакетчиња. Тие ги повикуваат сите останати моторциклисти и скутерџии да се приклучат кон настанот и заеднички да го извозат хуманитарното дефиле.

На 17.12.2011 се одржа Националниот ЛМИ дебатен натпревар„Triwizard Debate Tournament“ во Средното училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, во организација на Младинскиот Образовен Форум (МОФ) од Скопје.
На овој дебатерски натпревар учествуваа повеќе од стотина учесници, а се дебатираше по тезата „Рекламите наменети за деца треба да бидат забранети “.

Велешкиот дебатен тим во состав: Бојана Ѓуровска, Александра Алексовска и Тамара Галевска, го освои тетото место во конкуренција на 36 дебатерски тимови од Република Македонија.
На овој дебатен натпревар, покрај тоа што беа тренери на дебатерите, Дејан Ризински и Моника Саздова го имаа своето прво искуство како дебатни судии.


На 15.12.2011 се одржа локалниот ЛМИ дебатен натпревар во просториите на Фондацијата „Фокус“, на кое се натпреваруваа 2 дебатерски тимови од Велес, а се дебатираше по тезата „Рекламите наменети за деца треба да бидат забранети “.

Како најдобри говорници беа прогласени: Бојана Ѓуровска, Александра Алексовска и Тамара Галевска, кои ќе дебатираат на националниот ЛМИ дебатен натпревар „Triwizard Debate Tournament“ на 17.12.2011 во Скопје во организација на Младинскиот Образовен Форум (МОФ) од Скопје.

5-ти декември, меѓународниот ден на волонтерството, Фондација „Фокус“ и општина велес го одбележаа со уште една волонтерска акција. На овој начин, симболично беше заокружена кампањата „Зачувај, не уништувај“ онаму од каде што ја започна - во детскиот забавен парк во облизина на „Брако“.
И овој пат, волонтерите од младинските организации и граѓаните кои ја поддржаа кампањата, ги офарбаа лулашките, клупите и другите реквизити и му дадоа нов лик на овој терен.


Фондација „Фокус“ им изрази благодарност на сите волонтери кои се вклучија во активностите за разубавување на детските забавни паркови. Додењлувајќи им благодарници за нивниот волонтерски ангажман симболично ја одбележа и Европската година на волонтерство.


Во детските забавни паркови ,,Дизни,, и ,,Тунел,, се спроведе акцијата од кампањата ,,Зачувај, не уништувај,,. Градоначалникот и дел од администрацијата на општина Велес, и волонтери од извиднички одред ,,Димитар Влахов,, учениците од основните училишта Васил Главинов и ЈХК Џинот, Детски младински парламент, Клубот на млади при Црвен Крст, Чекори на млади и Фондација Фокус ја реконструираа урбаната опрема на двете локации. Се фарбаа лулашките и останатата рекреативна опрема и се променуваа искршените клацкалки и клупи.
Целта на акцијата е да се поддигне свеста и одговорност на граѓаните, особено на младите кон зачувување на веќе поставената урбана опрема.


Проектот ,,Зачувај, не уништувај,, е поддржан од Младински Образовен Форум, Фондација Отворено општество Македонија, Пријатели на Македонија и општина Велес.
Фондација Фокус се надева дека ова ќе биде само почеток на реконструкција на детските забавни паркови во градот и ги поттикнува бизнис секторот и другите заинтересирани граѓани да поддржат ваква слична акција која би се случила на 5 декември, денот на волонтерите.


Дебатерскиот тим при Фондацијата „Фокус“, во состав: Моника Саздова, Дејан Ризински и Весна Радиновска, од Советот на општина Велес по повод 9-ти Номеври, денот на општина Велес, доби 9-то Номевриска Пофалница.
За освоеното второ место и сребрениот медал на меѓународното дебатно првенство Macedonia Open 2011, организирано од Младинскиот Образовен Форум, во конкуренција на дебатерски тимови од 8 држави и тоа: Република Македонија, Соединетите Американски Држави, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово.



На 01.11.2011 во просториите на Фондацијата „Фокус“ се одржа работилница за утврдување на приоритети на младите во општина Велес. На истата присуствуваа 10 учесници и тоа: Младински клуб при Фондација „Фокус“, Извиднички одред „Димитар Влахов“, Клуб на млади „Црвен Крст“Велес, ЦИР „Виготски“, „Чекори на Младите“ и од Студенстскиот парламент при Техничко -технолошкиот факулет од Велес.

На средбата присутните ги предложија следните младински приоритети:
1. Тениско игралиште
2. Отворање на градското кино
3. Отворање на терен за park our
4. Поддршка на кајакарството во Велес
5. Уредување на средношколски дворови
6. Поправка на патишта
7. Скејт парк
8. Збратимување на средни училишта
9. Студентски дом
10. Реконструкција н костурница
11. Отворање на јавни тоалети
12. Место за забава во зимно време
13. Велосипедска патека
14. Реконструкција на урбаната опрема
15. Мултифункционални терени
16. Куглана
17. Театарски фестивал за средношколци
18. Лизгалиште
19. Отворен ден на здраство
20. Отворање на младински инфо центар
Дебатерскиот тим при Фондацијата „Фокус“ од Велес, во состав: Моника Саздова, Дејан Ризински и Весна Радиновска го освоија второто место на финалето дебатирајќи со тимот од Хрватска.

Во периодот од 28-30.10.2011 се одржа меѓународното дебатно првенство Macedonia Open 2011 во Гимназијата „Јосип Броз Тито“во организација на Младинскиот образовен форум Финалниот натпревар се одржа на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје, на кое се натпреваруваа дебатерски тимови од Република Македонија, како и дебатери од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Романија и САД.

По тезите „ Државата треба да и даде приоритет на слободата на граѓаните пред безбедноста” и „Државата смее да воведе рестрикции на сите алатки за комуникација во случај на немири“, младите дискутираа поделени во тимови, афирмирајќи или негирајќи ја зададената теза што ги учи на критичко однесување и на аргументирана дебата.
Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС, Велес, во соработка со општина Велес, а поддржана од Здружението на поранешни волонтери на Мировниот корпус „Пријатели на Македонија“ и Младинскиот образовен форум, по повод одбележувањето на 8 Октомври – Ден за намалување на уништување на природата, ја отпочна кампањата „Зачувај, не уништувај“. Целта на кампањата е зголемување на моралната обврска и одговорност на граѓаните во општината, особено младите, да покажат порационално и добро однесување и постапување со урбана опрема што е наменета и за нив.
Кампањата ќе се одвива на сите места во градот каде што има поставено урбана опрема, пред се местата за рекерација и забава на децата. Сите граѓани, без никаков исклучок се поканети да учествуваат во оваа кампања.


Младинскиот Клуб при Фондацијата „Фокус“ го одржа јавниот настан за регрутација на средношколци и за промоција на проектните активности помеѓу граѓаните на Велес на 01.10.2011 (сабота) пред споменикот „Кочо Рацин“ (кај Гимназијата).
Тимови од членови на клубот, на 02-03.10.2011 (понеделник и вторник) ги посетија класовите во четирите средни општински училишта, преку соопштение ги презентираа досегашните активности и реализирани настани на клубот, како и активностите што следуваат во наредниот период.
Голема благодарност дo ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“, ОССУ „Димитрија Чуповски“, ОССУ „Јовче Тесличков“ и ОССУ „Коле Неделковски“, кои ни излегоа во пресрет при самото регрутирање на средношколци од нивните училишта.
Младинскиот клуб „Фокус“ е задоволен од самата акција и од препознатливоста помеѓу средношколците во Велес, кои пројавија интерес за членување во клубот.


